TRACING THE SCRIPT AND THE LANGUAGE OF THE ANCIENT MACEDONIANS
( c o m p l e t e t r a n s l a t i o n o f t h e r e s e a r c h r e s u l t s
i n E n g l i s h )
AUF DEM SPUREN DEN SCHRIFT UND DER SPRACHE DER ANTISCHEN MAKEDONIER
( I n h a l t )
ПО СЛЕДАМ ПИСЬМА И ЯЗЫКА АНТИЧНЫХ МАКЕДОНЦЕВ
( р е з ю м е )
Предмет на ова истражување е еден од најпознатите текстуални артефакти од стариот Египет, предмет на бројни проучувања и истражувања во научниот свет од областа на античката историја и лингвистиката - Каменот од Розета (поглед однапред, поглед одзади, приказ на трите текста на каменот, послободен превод на декретот на Птоломеј Епифан Евхаристос)
Констатирано е дека за средниот текст на каменот од Розета е користено слогово писмо oд типот согласка-самогласка. идентификувани се симболи за 25 согласки. Користејќи ја постапката на пресликување и ротација во рамнината на пишување, определен е еднозначен начин за поврзување на симболот за согласка со 4 или 8 самогласки. Иако ретко употребувани, идентификувани се и симболите за запишување на изолирани самогласки и согласки. Во анализираниот текст, покрај пишувањето на слоговите знаци еден до друг, често се пишувани слоговите знаци и еден на друг, во форма на лигатури. Иако во мал број идентификувани се и неколку пиктографски симболи.
Озвучувањето на идентификуваните слогови знаци, осамени согласки или самогласки и лигатури е реализирано со користење на архаизми од дијалекти на современиот македонски јазик. Во анализираниот текст кој е пишуван оддесно налево, без растојание меѓу зборовите и одвојување на речениците, во непрекината низа идентификувани се повеќе од 160 зборови кои го задржале значењето и во современиот македонски јазик. Исто така, идентификувани се и одреден број на граматички правила кои се препознатливи и во современиот македонски јазик, како што е формирањето на суперлатив кај придавките со префиксот нај, множина кај именките со додавката и, појавата на определена и неопределена форма кај именките и зачестената употреба на предлогот на.Со вака идентификуваните слогови знаци, нивното озвучување и определените правила на пишување, создадена е еднозначна методологија за препознавање на одредени зборови и читање на напишаното.
Резултатите од дешифрирањето на средниот текст од каменот од Розета укажуваат на многу повеќе детали кои во текстот запишан на античко-грчко писмо ги нема. Оваа констатација го потврдува сознанието на науката уште од времето на Томас Јанг (1822) дека средниот текст е оригиналот. Врз основа на нашите истражувања ова сознание можеме да го допрецизираме со констатација дека декретот на фараонот во средниот текст на каменот од Розета во оригинал е напишан на јазикот на античките Македонци со писмо на живите господари, односно со официјалното писмо и јазик на државата која што тие ја управувале повеќе од еден век.
Клучни зборови: антички Македонци, писмо, јазик
Повеќе информации во врска со резултатите од оваа анализа се достапни тука.
Контакти:
акад. Томе Бошевски
проф.др. Аристотел Тентов toto@etf.ukim.edu.mk