1. Идентификација на слоговните знаци

1.1. Слоговни знаци

Релативно значајниот обем на расположивиот текст, од околу 4500 знаци, ни дава шанса да ги идентификуваме формите на знаците кои се во основа на употребното писмо. Како најчесто појавувани одбележени се асиметричнитe, симетричните и коcите знаци.

1.1.1. Асиметрични слогови знаци

Овие знаци имаат особина да во рамнината на пишување се запишат во осум различни положби и на тој начин еднозначно да одбележат слогови на една согласка со осум самогласки.

Во анализираниот текст се идентификувани следните 13 (тринаесет) асиметрични знаци како ознаки за 13 (тринаесет) согласки, и тоа:

Секој од овие 13 (тринаесет) знака во рамнината на пишување може да биде запишан во по осум положби, како на пример:      

На овој начин, со само 13 различни асиметрични знаци еднозначно можат да се напишат 13 х 8 = 104 слогови од видот согласка-самогласка.

Асиметричните знаци набележани под броевите 1, 3, 5, 7, 8 и 9, во положба запишана под броевите 1, 3, 5 и 7 во XVI се користени од познатиот математичар Cardan како знаци за пишување броеви, во неговото дело "System for writing numbers". Како што во анализираниот текст со обликот на знакот се определува согласката, а со положбата самогласката во слогот, Cardan во своето дело со обликот на знакот ги определува цифрите, а со положбата ги определува тежините (единици, десетки, стотки и илјади) во бројот, што е прикажано на следната слика.

Броевите помеѓу 1 и 9999 се пишуваат во облик на лигатури, при што е заедничка вертикалната црта, а се додаваат страничните елементи на соодветните цифри.

Ако се потсетиме дека анализираниот текст е од вториот век пред новата ера, запишан на територијата на Египет, а Cardan творел во XVI век од новата ера во Италија, можеме да констатираме дека по 1800 години на Медитеранот сеуште се знаело за знаците од анализираното писмо.

1.1.2. Симетрични слоговни знаци

Овие знаци, пак имаат особина да во рамнината на пишување се запишат во 4 различни положби и на тој начин еднозначно да обележат слогови на една согласка со 4 самогласки. Во анализираниот текст се идентификувани 6 знаци, и тоа:

Секој од овие 6 знаци во рамнината на пишување може да биде запишан во 4 положби како на следниот пример:

На овој начин, со 6 различни знаци можат еднозначно да се запишат 6 х 4 = 24 различни слогови од видот согласка - самогласка.

Во прилог се дадени можностите за комбинирање на асиметричните согласки со соодветните самогласки.

1.1.3. Накосени слоговни знаци

Накосените слоговни знаци исто како и симетричните слоговни знаци во рамнината на пишување можат да се запишат во 4 различни положби и на тој начин еднозначно да обележат слогови на една согласка со 4 самогласки. Во анализираниот текст се идентификувани 6 знаци, и тоа:

Секој од овие 6 знаци во рамнината на пишување може да биде запишан во 4 положби како на следниов пример:

На овој начин, се дефинираат уште 24 различни слогови од видот согласка-самогласка.

1.1.4. Специфичен слогов знак

Посебно треба да ја одбележиме појавата во текстот на еден специфичен знак кој го идентификуваме во четири форми, и тоа:

Во последната форма како две коси црти доближени во горниот дел овој слогов знак го среќаваме и ден денешен во повеќе слоговни писма на азискиот континент.

1.2. Знаци за изолирано пишување

1.2.1. Знаци за изолирано пишување на согласки

Некои од согласките во текстот се среќаваат запишани изолирано, и тоа во следнава форма:

Косата црта во составот на основниот знак во првите два и во последниот случај е употребена во функција на вирам, односно ја елиминира самогласката од соодветниот слог.

1.2.2. Знаци за изолирано пишување на самогласки

При пишувањето се јавува потреба за запишување на изолирана самогласка. За запишување на изолираната самогласка се употребуваат знаци во само една положба. Во текстот се идентификувани следните знаци што рефлектираат да ги претставуваат самогласките:                        

1.3. Пиктографски знаци

Како остаток од некое постаро писмо во анализираниот текст се појавуваат неколку знаци кои не се вклопуваат во слоговната концепција. Тоа пред сe се однесува на многу често појавуваните три вертикални и три коси црти:

што претставува појава која веќе е проучувана во соодветната литература од ова подрачје.

Не толку често се појавуваат уште два други знака, кои исто така не можат слогово да се појаснат, и тоа:

Првиот знак претставува стилизирана форма на египетскиот бог на мртвите, а вториот стилизирана форма на змија.

1.4. Пишување на лигатури

Воочливо е дека во анализираниот текст покрај пишувањето на слоговите знаци еден до друг се појавува и нивно пишување еден над друг и еден врз друг, како на пример:

Овие форми ги нарекуваме лигатури и сметаме дека отсликуваат специфична карактеристика на јазикот кој се изразува преку писмото.

Најчесто во лигатурите учествуваат два до три знака. Со лигатура по правило се запишува почеток на збор, додека на крајот на зборот чиј почеток е запишан во вид на лигатура се реализира со еден, а поретко со два до три слога (знака).