10. Имиња на боговите и нивните функции

10.1. Имиња на боговите и нивните функции

Согласно истражувањата, во средниот текст можевме да ги прочитаме имињата на најверојатно сите богови на античките Mакедонци. За дел од боговите во состојба сме да ги определиме и нивните функции.

Најкарактеристично е тоа што речиси сите имиња на боговите се едносложни. Нивните имиња и функции се следниве: 

Богот Ѕе е врховен бог, бог на летата и на светлината(сонцето) .
Богот Са е бог на градините и лозјата (садење).
Богот Ве е бог на градителите (занаетите).
Богот Во е бог на водите.
Богот Хо е бог на војната (хоплити = копјаници).
Богот Ли е бог на шумите (листопадни), на обновата .
Богот ЛЧа е божица на светлосниот зрак
Богот ка се среќава и кај Сумерите и има змиеста форма .

Констатиравме дека богот Ѕе (по функција богот на летата) е врховен бог поради тоа што во текстот се ословува слично како фараонот, односно со два епитети во суперлатив, од кои само вториот е различен и наместо Најжевени (што се употребува припри ословување на фараонот), гласи Најсветол, и тоа во оригинал како:                                                              

Ова на денешен македонски јазик (во превод) значи:
Најнаочит именец, најсветли по наше богот на летата

10.2. Имиња на боговите и нивните функции кај античките Египќани

Oсобено е интересен начинот на кој во текстот се ословуваат египетските богови. Имено, по наведувањето на името на богот како што тој се нарекувал на античкот-египетски, следува додатокот како се нарекува на античко-македонски. Во оригинал тоа е запишано на следниов начин: 

во превод на денешен македонски јазик:
Богот Ананеца на Eгипќаните (богот на oбновувањето), по наше богот Ли

како и со изразот

во превод на денешен македонски јазик:
Ананета бога ЛЧа (божица на светлосниот зрак)

Ананета според легендите била сестра на богот Ананеца.

Во оригиналниот текст среќаваме и вакво обраќање кое се однесува на богот Ананета и на богот Ананеца:

во превод на денешен македонски јазик:
Ананета бога ЛЧа (божица на светлосниот зрак) Богот Ананеца (богот на oбновувањето), по наше богот Ли

Во античко-грчкиот текст овие богови се запишани како Озирис, што одговара на Ананеца, и Изис соодветно за Ананета.

Се сретнуваат и посложени имиња кои во себе го содржат поимот бога, како на пример:

Според Старославянский словар (по рукописом Х-ХI веков), Москва, Руский јазик, 1994, овој израз е старословенското име за Дионис.