Компаративна анализа на резултатите од дешифрирањето на средниот текст од каменот од Розета

Апстракт: Во овој текст е презентирана компаративна анализа на зборовите и изразите од исчитувањето на целиот среден текст на каменот од Розета, [15], со примена на мето­дологијата што ја презентиравме во [12].
Моментално идентификувавме над 420 различни збо­рови и изрази коишто го задржале нивното значење во совре­мениот или во дијалекти на современиот македонски јазики, но и во архаична или во современа форма на современите сло­венски јазици. Согласно со пишаниот материјал на средниот текст на каменот од Розета, идентификацијата и анализата на структурата на речениците сега треба да биде предмет на по­натамошни истражувања.
Навлегувајќи подлабоко со анализите и споредувајќи ги резултатите на нашето читање на средниот текст, [15], со познатите читања на древно-грчкиот текст, дадени во [4], [5], [6], и [9], можеме да заклучиме дека двата текста, таканаре­че­ниот демотски и древно-грчкиот се идентични само со содр­жината на наредбите на фараонот во текстовите. Секако, овие два текста се разликуваат во однос на редоследот на збо­ровите и во реченичката структура, што е многу логично и се очекува во сите случаи кога споредуваме два идентични текста запишани на два различни јазици, дури и денес.
Врз основа на нашите истражувања можеме да го до­прецизираме овој заклучок дека Декретот на фараонот запи­шан на средниот текст на каменот од Розета во оригинал е за­пишан на јазикот на древните Македонци со писмото (зна­ците) на живите господари во тој период, односно на офи­цијалниот јазик и со официјалното писмо на државата со која во 196 година п.н.е. владее династијата на Птоломеите веќе повеќе од еден век. Јазикот којшто го откриваме на средниот текст на Каменот дефинитивно во себе вклучува карак­терис­тики на словенски јазик, а многу зборови што ги иденти­фи­ку­вавме досега во текстот се сè уште присутни во модерните словенски јазици, или во нивна архаична верзија или во со­вре­мена (официјална) верзија на соодветен словенски јазик. Соодветно, во лексичка смисла, можеме овој идентификуван јазик да го дефинираме дека има многу силни словенски ка­рак­теристики. Ова станува уште поочигледно по внима­тел­но­то исчитување и изучување на презентираниот повеќејазичен речник.

Кликнете овде за да го прочитате целиот текст.