Според античко-грчкиот текст, во последниот ред фараонот наредува (и тоа по овој ред) декретот да се напише на три писма и да се постави во светилишта од прв, втор и трет ранг во близина на статуата на фараонот, иако токму овде каменот е откршен (недостасува парче).
Во анализираниот текст, наредбата на фараонот ја идентификуваме во поинаков редослед, и тоа прво во кои три класи светилишта на богови, во кои три области на земјата да се постави камена стела и на крајот, на кои писма на јазикот на три слоеви на населението да биде напишан.
Својата желба фараонот ја поделил на две наредби кои ги започнува со зборот јави во оригинална форма запишан со.