5.3. Имиња на сопругите на предците на царот (фараонот)

Во текстот на неколку места се наведуваат имињата на сопругите на предците на фараонот, и тоа:

По правило при споменување на името на сопругата задолжително следи името на сопругот на кое претходи зборот имо, како што следува:
оТИеЅаНьЈаН еЖиШН оМИ ьЈоМоЈьВаНагоБ еВиД аНеЖоБјаН

што значи:
Најбожена се восхитува на најголем мој бог имо (сопруга на) и нашиот најочит

односно: Arsinoe Philopator.

Како и:

еМИеП уЉеЖ оМИ еЈоМ ьВеС агоБ оЈьВаН

што значи:
Најголем бог победо моја имо (сопруга на) Добродетел

односно: Berenice Euergetai.

Овој особен начин на насловување на сопругите со назначување на нивното име проследено со името на нивниот сопруг се среќава и ден денес во малку видоизменет облик во западниот дел од Македонија, каде сопругата се ословува со името на својот сопруг на кое се додава зборот ица.