Многу повеќе од гласовните, слоговните писма, ги носат во себе карактеристиките на јазикот којшто треба да го запишуваат.
Ако е основна претпоставка дека анализираниот текст е напишан на јазикот на античките Македонци, определувањето на основните гласовни карактеристики на тој јазик ќе го реализираме преку гласовните особености на јазиците на домородното население од ареалот на Балканот, како негова матична територија. Ќе претпоставиме дека гласовните вредности на самогласките и согласките како најнеподложни на промени останале со иста звучност до денешен ден.
Озвучувањето на идентификуваните слоговни знаци може да се реализира со препознавање во текстот на зборовите кои го задржале своето значење до ден-денес во јазици или дијалекти на јазици од ареалот на Балканот или пошироко, од европскиот ареал. Се разбира, во оваа фаза анализата ќе се заснова на споредба помеѓу зборови од текстот на каменот од Розета и архаизми во дијалекти на актуелниот македонски јазик. Покрај слоговни знаци (асиметрични, симетрични, коси и специфични слоговни знаци), озвучени се и знаци за изолирани самогласки, пиктографски знаци и лигатури.
Озвучувањето на дешифрираните зборови и поими можете да го проследите во речникот.